ТЕСТ ВО ТУРЦИЈА

Шкупи во вториот дел „потклекна“ пред Нефчи

Избраниците на тренерот Зекирија Рамадани загубија минимално со резултат 0:2.

објавено: 24 јуни 2018 - 17:46

Во првите 45. минути од натпреварот немаше голови во Турција, мируваа мрежите на двете екипи (0:0).

Најдобрата шанса за Шкупи ја имал Муарем Муарем кој во првите минути од дуелот ја погодил стативата на Нефчи.

Свои можности за погодок имаа уште Кристијан Стојковски и Блаже Илијоски. И противникот имаше свои прилики за реализација, но голманот Суат Зендели не дозволи да биде затресена неговата мрежа.

Сепак, во 62. мин. азербејџанската екипа успеа да дојде до позитива, 23-годишниот играч за врска во нападот Намик Аласкаров се погрижи за негатива на македонскиот состав.

Конечниот епилог го постави Мирабдула Абасов со еден прекрасен погодок за крај на сите дилеми.

ФК Шкупи: Зендели, Типуриќ, Билали, Адем, Ндонг, Броја, Вујичиќ, Љамчевски, Стојковски, Муарем, Илијоски.

Шкупи се подготвува за настапот во квалификациите за Лига Европа, во првото коло ќе ги одмери силите против Глазгов Ренџерс.

 

Најново во Фудбал