ТАЛЕНТИ КОИ СЕ ОЧЕКУВА ДА БЛЕСНАТ НА ТЕРЕНИТЕ

Шпанците за Барди: Внимавајте на него и во новата сезона од Примера!

Новата сезона во најсилната шпанска лига ќе стартува на 17. август кога Леванте на македонскиот репрезентативец ќе му гостува на Бетис.

објавено: 8 август 2018 - 11:35

Примера отсекогаш имала млади екстра талентирани фудбалери кои знаат да го привлечат вниманието, па така се очекува да биде и во новата сезона од Примера (2018/19).

Шпанците се свесни дека не играат за големите гиганти кои конкурираат за титулата, Барселона и Реал Мадрид, но дефинитивно овие пет млади играчи треба да се следат и се очекува повторно да бидат во центарот на вниманието.

Помеѓу нив и Енис Барди кој ќе ја започне својата втора сезона во дресот на Леванте, лани дебитираше со 11. голови, поголемиот дел од нив реализирани од слободни удари и на листата заврши зад првата ѕвезда на каталонскиот гигант Лионел Меси.

На Пиринеите знаат дека Леванте во своите редови има „специјалист" за слободни удари, се очекува повторно да биде закана за сите голмани, пред секој удар го краси неговата смиреност и навивачите можат да се надеваат секогаш на победа. ГОЛОВИТЕ НА БАРДИ ОД МИНАТАТА СЕЗОНА ВО ШПАНСКАТА ПРИМЕРА МОЖЕТЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Освен Енис Барди (Леванте) во Топ 5 млади играчи кои што треба да се следат во новата сезона се наоѓаат уште Пабло Форналс (Виљареал), Енес Унал (Виљареал), Карлос Солер (Валенсија) и Микел ојарзабал (Реал Сосиедад).

Најново во Фудбал