ЛЕГЕНДАТА НА БАЛКАНСКИОТ ФУДБАЛ СЕГА Е ДЕЛ ОД УЕФА

Шукер: Организацијата на Супер купот на УЕФА во Македонија, е бенефит за целиот регион

Некогашниот хрватски голгетер сега во улога на член на извршниот Комитет на УЕФА е дел од Изборното собрание на Фудбалската федерација на Македонија

објавено: 18 февруари 2017 - 09:58

Легендарниот хрватски напаѓач Давор Шукер, во улога на член на Извршниот комитет на УЕФА, од вчера е во Скопје. Тој утрово е специјален гостин на Изборното собрание кое го прави Фудбалската федерација на Македонија.

Шукер потенцираше дека ФФМ во изминатиов период направи неколку успешни проекти. Тој честитеша за пласманот на младата репрезентација на Македонија на Европското првенство кое летово ќе се игра во Полска, а не заборави да ја истакне организацијата на Супер Купот на УЕФА, кој треба во август да биде на Арената во Скопје.  

УЕФА има одлична соработка со ФФМ. Квалитетен партнер со луѓе кои имаат многу елан да ги подобруваат состојбите во фудбалот. Уефа секогаш ќе ги поддржува добрите идеи и квалитетните проекти. Искрено не се сеќавам да имало позначаен настан во регионот од Супер купот што ќе се игра во Скопје. Тоа е бенефит за цел регион и Македонија треба да се гордее. И секако да не заборавам да ви честитам на успехот на младата репрезентација. Ќе навивам за Македонија  во Полска на ЕП. Токму вложувањата во развој на млад. Фудбал е вистинскиот правец за развој на фудбалот, рече членот на Извршен Комитет на УЕФА, Давор Шукер.

Најново во Фудбал