ШКУПИ Е ЦЕЛОСЕН „АУТСАЈДЕР“ ВО ШКОТСКА

Сигурни Вардар и Шкендија, обложувалниците не му веруваат на Работнички!

Од вторник ќе започне настапот ова лето на македонските претставници во квалификациите за ЛШ и Лига Европа.

објавено: 9 јули 2018 - 19:00

Први ќе стартуваат шампионите, Шкендија од 20:15 часот на „Филип Втори" Арената ќе го пречека велшкиот ТНС.

Обложувалниците веруваат во сигурна победа за тетовските „црвено-црни" (квота 1.50), наспрема 6.50 за триумф на Велшаните.

В среда од 17:30 часот на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски" во Скопје, Работнички во 1. квалификациско коло е домаќин на Хонвед.

Според „Бет365", „романтичарите" имаат послаби шанси да дојде до позитивен резултат (2.80), односно мала предност им се дава на Унгарците (2.25). Ваквото размислување доаѓа после слабите резултати на избраниците на Јовановски на пријателските средби во Словенија.

В четврток во квалификациите за ЛЕ од 16:00 часот Вардар гостува во Ерменија, тимот на Бабунски ја има фаворитската улога (1.75), но тоа треба да се докаже и на теренот против Пјуник (4.33).

Во истото натпреварување од 20:45 часот на „Иброкс" стадионот Шкупи (15.00) е целосен „аутсајдер" на пресметката против Глазгов Ренџерс (1.08).

Најново во Фудбал