КРАТОВЦИ СО НОВА ПРОМОЦИЈА

Силекс го доведе и деветото засилување

Стефан Милосављевиќ (27) е најновото име во редовите на Силекс

објавено: 25 јуни 2018 - 13:20

Стефан Милосављевиќ (27) е промовиран како нов играч на Силекс. Интернационалецот од соседна Србија треба да биде засилување во средниот ред на тимот. Низ кариерата играл за Мачва, Напредак, Земун а пред да дојде во Силекс ги бранел боите на Младост од Лучани.

Играчите на Силекс од денеска се во „погон". За нив заврши одморот и денеска го имаа првиот собири првиот тренинг во летните подготовки.

Силекс во новата сезона влегува со големи амбиции, доказ за тоа е фактот дека раководството на клубот доведе стратегот Жикица Тасевски, како и дури девет нови имиња.

Најново во Фудбал