ПРВА ЛИГА, ЗАОСТАНАТ МЕЧ

Силекс пред три дена го победи шампионот, а сега загуби од „фенерџијата“

Кратовци на гости беа подобри од младинците на Вардар, а денеска на свој терен загубија од последнопласираниот тим на Скопје

објавено: 7 март 2018 - 16:01

Во заостанат меч од првото пролетно коло, Силекс на свој терен загуби од Скопје со 0:1, во првенствен дуел. Кратовци влегоа како големи фаворити на средбата, но на крајот резултатот го покажа спротивното.

Скопје кој е последнопласиран на табелата, успеа да слави, багодарение на голот на Кофи во 23 минута. За Скопје ова беше само втора победа во 22 меч сезонава и останува убедливо закован на дното од табелата со само 16 бодови, дури пет помалку од деветопласираната Победа. 

Интересно е што Силекс пред само три дена на гости славеше против шампионот Вардар („црвено-црните“ играа со младинци), а сега дома губи од најслабиот тим во лигата. По денешниот пораз, Силекс остана на третото место на табелата со 35 бодови, но и меч помалку. 

Најново во Фудбал