КОНТРОЛЕН МЕЧ ВО КУМАНОВО

Силекс со убедлива победа против Гоблен

Екипата од Кратово имаше успешен тест во летните подготовки откако лесно го преслуша второлигашот.

објавено: 1 август 2018 - 21:30

Избраниците на тренерот Жикица Тасевски убедливо со резултат 4:1 триумфираа над Гоблен, на полувремето водеа со 2:0.

Фаворитот на теренот дојде до предност уште во деветтата минута преку Додев, во 38-та зголеми Дурански.

На стартот од второто полувреме (49.) Додев дојде и до својот втор гол на мечот, а за 4:0 се погрижи Алексовски (79.)

Гоблен успеа само да го ублажи поразот во 82. мин. од средбата која се одигра на Градскиот стадион во Куманово.

Најново во Фудбал