ВТОР МЕЧ КОЈ ТРЕБАШЕ, А НЕМА ДА СЕ ИГРА В ЧЕТВРТОК

ПО СТАПКИТЕ НА ВАРДАР: Скопје побара и доби одложување на дуелот со Шкендија

Рано утрово беше одложен дуелот меѓу Пелистер и Вардар и тоа по барање на актуелниот фудбалски првак 

објавено: 26 март 2018 - 16:40

Дуелот меѓу Скопје и Шкендија кој требаше да се игра в четврток, во рамките од 25. коло на првата македонска фудбалска лига, е одложен. Ова е втор меч од ова коло, кој нема да се игра во предвидениот термин, откако рано утрово Вардар побара и доби одложување на средбата против Пелистер. 

Актуелниот првак Вардар како причина за одложувањето на дербито во Битола го наведе фактот дека десетина нивни играчи имаат репрезентативни обврски и нема да може да бидат подготвени за следниот меч на клупски план. 

Откако беше одобрено одложување на дербито Пелистер - Вардар, иницијатива за одложување поднеле и од тимот на Скопје. Клубот од Автокоманда потенцирал дека има тројца фудбалери со репрезентативни обврски (Стефковски, Личина и Демир) и дека поради тоа сакаат да им се одложи средбата против лидерот Шкендија.

Засега не се знае кога ќе се играат одложените средби. 

ДВОЈКИ 25. КОЛО

РАБОТНИЧКИ - АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
СИЛЕКС - ПОБЕДА
РЕНОВА - ШКУПИ- 1927

Најново во Фудбал