НАЈAВАТА ЗА ОДЛАГАЊЕ НА ИЗБОРОТ ЗА ПРЕТСЕДАTЕЛ СЕ ПОГЛАСНА

СОБРАНИЕ ЌЕ ИМА, АМА ДА СЕ РАСПИШАТ НОВИ ИЗБОРИ

Наместо избор на наследникот на Ѓорѓиоски, во мак-фудбалот активностите се пренасочуваат кон измени на изборните правила и давање шанса на сите кандидати кои имаат амбиции да се вклучат во претседателската трка

објавено: 6 август 2018 - 16:35

Иако помина речиси цела недела откако тричлената група: Мухамед Сејдини – Мети, Светозар Станковски и Дарко Димовски свикаа седница на „фудбалската влада" и со аманет на преостанатите нивни соиграчи (не)очекувано закажаа Собрание за 1 септември на кое треба да се избере наследникот на претседателот во оставка Илчо Ѓорѓиоски, од ФФМ завладеа молк. Но, затоа пак се погласни се најавите од кандидатите кои имаат намера да се вклучат во претседателската трка, дека активностите за изборот на новиот претседател привремено се стопирани.

ИЗМЕНИ НА ИЗБОРНИТЕ ПРАВИЛА

Ваквата брзопотезна одлука на УО на ФФМ ги затече кандидатите Влатко Костов, Мирсад Јонуз, Вујадин Станојковиќ и Харалампие Хаџиристески. Никој од нив не е актуелен делегат на Собраниетo на ФФМ за да биде номиниран за претседателски кандидат. За да го сторат тоа немаат ниту време. Затоа делегатите на ФФМ на 1 септември наместо да расправаат за избор на претседател ќе треба да закажат нови избори, најпрво по Општинските фудбалски сојузи, а потоа и во ФФМ.

НЕМА ДА СЕ ДАВА БАЗА ЗА ЛИЦА ОД ДРУГИ ОПШТИНИ

Во мак-фудбалот сеуште владее праксата лицата кои во својата општина немаат авторитет и неможат да се изборат да добијат доверба, поминуваат глатко во другите региони. Таа пракса со малверзации кој од каде  има база се најавува дека ќе биде прекината.

За да не се туркаат свои луѓе во мак-фудбалот на мала-врата, иако јавна тајна е дека тие немаат допирни точки со регионите кои ги застапуваат, се највуваат измени и на оваа изборна тема.

Најново во Фудбал