Солзите на Буфон ја расплакаа Италија (Фото)

Џиџи Буфон со солзи во очите се прости од настапите за италијанската селекција, а тоа го стори во најтежок можен момент, кога „аѕурите“ останаа без настап на Мундијалот во Русија

објавено: 13 ноември 2017 - 23:33

Џиџи Буфон со солзи во очите се прости од настапите за италијанската селекција, а тоа го стори во најтежок можен момент, кога „аѕурите" останаа без настап на Мундијалот во Русија.

„Адио Буфон“ пишуваа италијанските медиуми, простувајќи се од една од најголемите светски голмански легенди.

А, Адио кажа и голманот на Јувентус, со напомена дека му е жал што тоа не го стори на Светското првенство во Русија, следната година.

„Ми е жал, но не за мене, туку за Италија. Не ја потценивме Шведска, но нешто не штимаше во нашите редови. Немавме доволно енергија да ја анулираме негативата од првиот меч. Сепак, верувам во моќта на италијанскиот фудбал и верувам дека ќе се вратиме посилни“, изјави Буфон.

И пак со многу симобилика, Буфон се прости со неуспех против Шведска, како што тоа го стори уште еден легендарен голман на Италија и на Јувентус, Дино Ѕоф. И тој кажа збогум по ремито со Шведска без голови во квалификациите за ЕП 1984 година, на кои „аѕурите“ не играа.

Најново во Фудбал