ШПАНСКИОТ ТИМ ДЕНЕСКА ЌЕ ПРИСТИГНЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Сосиедад тргна на пат за Скопје (Фото)

Македонскиот првак Вардар утревечер во 19 часот на арената „Филип Втори“ во Скопје го пречекува шпанскиот тим Реал Сосиедад, во рамките од третото коло на Лигата на Европа. Примералигашот утрово тргна кон Македонија со надеж дека утревечер ќе ги освојат трите бода од ова гостување. 

Вардар прв пат во клупската историја е дел од групната фаза во Лигата на Европа и по првите две кола е без бодови. Сосиедад е голем фаворит, но тоа не значи дека „црвено-црните“ нема да се обидат да направат изненадување и да ја израдуваат македонската јавност. 

објавено: 18 октомври 2017 - 11:20

Најново во Фудбал