НЕМАА НЕКОЈ ЗАБЕЛЕЖИТЕЛЕН НАСТАП

Спировски и Жута пожутеа, а Николов одигра 15-тина минути

Двајцата репрезентативци кои играат во Унгарија, „не издржаа“ 90 минути на теренот

објавено: 31 март 2018 - 19:12

Бобан Николов во игра влезе во 78 минута и одигра 15-тина минути за Видеотон во ремито на гости кај Пушкаш Академија. За разлика од Николов, неговиот некогашен соиграч од Вардар, Стефан Спировски беше стартер за Ференцварош, а беше заменет во 72 минута. 

И Ференцварош како гостин одигра 0:0 кај Ујпешт. За времето поминато на теренот, Спировски заработи жолт картон во 12 минута од средбата. 

На еден бод, но во хрватското првенство, во дресот на Риека се радуваше Леонид Жута на гости кај Хајдук. Жута го одигра целиот меч, а заработи жолт картон.

Најново во Фудбал