ГО ЗАСЛУЖИ ПРИЗНАНИЕТО ДА БИДЕ НАЈДОБАР ВО СЕЗОНАТА 2016/17

Спировски: Наградата е поттик и понатаму да продолжам да го давам најдоброто од себе

„Горд сум на ова признание и истото многу ми значи“, вели сегашниот играч на Ференцварош

објавено: 3 декември 2017 - 21:35

Синоќа даде гол за Ференцварош, а денеска ја добива наградата за најдобар фудбалер во Македонија, за сезоната 2016/17. Стефан Спировски блескаше во дресот на Вардар, ја освои титулата во првенството, а сега игра одлично во Унгарија. Тој е најдобриот фудбалер во Македонија за сезоната 2016/17.

„Горд сум на ова признание и истото многу ми значи. Доаѓа после фантастичната сезона со Вардар во која што ја освоивме титулата, а потоа станавме дел и од Лигата на Европа. Се случи и мојот трансфер во Ференцварош и среќен сум што имав таква сезона зад мене како на клупски, така и на репрезентативен план. Наградата е поттик и понатаму да продолжам да давам се од себе на секој тренинг и на секој натпревар и да продолжам во овој стил. Благодарност до сите за довербата јас да бидам најдобар фудбалер во Македонија", ни изјави Спировски, специјално за оваа наградата. 

Најново во Фудбал