Мотив повеќе за подвиг во дебито во фазата по групи

Според обложувалниците - Вардар е аутсајдер број 1 во премиерното коло од Европа Лигата

Македонскиот првак Вардар е аутсајдер број еден во конкуренција на уште 23 екипи што ќе бидат домаќини во првото коло од новото издание на Европа Лигата. Тоа е така според обложувалниците кои нудат големи коефициенти за победа на Вардар против Зенит

објавено: 8 септември 2017 - 19:44

Македонскиот првак Вардар е аутсајдер број еден во конкуренција на уште 23 екипи што ќе бидат домаќини во првото коло од новото издание на Европа Лигата.

Тоа е така според обложувалниците кои нудат големи коефициенти за победа на Вардар против Зенит, идниот четврток.

„Црвено-црните" ќе пишуваат историја и ова за нив и за мак-фудбалот е прво учество во фаза по групи во некој од европските купови. Прв гостин е Зенит од Русија, а обложувалниците нудат исклучително високи коефициенти за триумф на Вардар. Се движат од 7,50 до 8,50, што значи дека за вложени 100 денари на победа на скопјани ќе добиете од 750 до 850 денари, ако нашиот шампион направи подвиг и ги освои бодовите.

Ниту еден коефициент на домашна екипа во сите 24 натпревари не е поголем од тој на Вардар за победа против Зенит. Мечот ќе се игра на 14. септември од 21,05 часот.

Вардар е меѓу аутсајдерите и за конечен триумф во ова натпреварување. За сензација и евентуално освојување на трофејот во Европа лигата му се дава коефициент од 250. Главни фаворити се Арсенал и Милан со квоти 9.
Убава заработка може да се оствари на влог на Вардар, дека ќе го освои првото место во Л групата. Подвиг на македонскиот претставник се цени со коефициент 20 и тоа е најмногу од сите екипи во групата. Ако Зенит биде прв можете да си ги „дуплирате" парите на коефициент 2, за Реал Сосиедад се нуди 2,30, а Розенборг има коефициент 8 за првото место во Л групата.

Најново во Фудбал