ЛШ: РОНАЛДО НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ, КАСИЉАС СО НАЈМНОГУ НАТПРЕВАРИ

Според УЕФА: Вардар е најдобар македонски клуб на сите времиња!

На првото место се наоѓа Реал Мадрид кој во Лигата на шампионите има рекордни 13 освоени титули. Во Топ следуваат уште Баерн, Барселона, Манчестер Јунајтед и Јувентус.

објавено: 10 октомври 2018 - 15:47

Кога станува збор за клубовите од Македонија, најдобропласиран тим во ова најквалитетно европско натпреварување е Вардар на 144. место. Потоа, Работнички е на 185. позиција, Шкендија (296.), Слога Југомагнат (297.), Силекс (338.), Победа (379.), Македонија ЃП (467.) и Ренова (476.).

Најмногу натпревари во историјата на ЛШ има шпанскиот голман Икер Касиљас (172), второпласиран е Португалецот Кристијано Роналдо (158). Љубинко Друловиќ кој своевремено беше селектор на Македонија како фудбалер имал 55 настапи.

И во последната категоријата од статистиката на УЕФА, најдобар стрелец е Кристијано Роналдо со 121 гол, пред Аргентинецот Лионел Меси (103). Нашата легенда Дарко Панчев кој беше дел од славната генерација на Црвена Звезда запиша 11 погодоци.

Комплетниот распоред на најдобрите клубови во ЛШ од 1955-2018 година можете да го погледнете ТУКА

Најново во Фудбал