чаирчани примија гол во 90 мин. и загубија со 2:0 од Ренџерс

Спорeн пенал го урна Шкупи (Видео)

Македонскиот претставник одлично парираше на славниот шкотски клуб, но на крајот си оди со негатива која е тешко достижна во реваншот

објавено: 12 јули 2018 - 22:44

Славниот шкотски клуб Глазгов Ренџерс со 2:0 славеше против Шкупи, во првиот меч од првото коло во квалификациите за Лигата на Европа. Шкотите беа апсолутни фаворити и пред средбата, но се до 90 минута, Шкупи имаше само еден гол негатива. 

Марфи погоди во 23 минута за 1:0, а тој резултат беше се до последните моменти од средбата. Голот може да го погледнете ТУКА. 

Се играше последната минута, кога судијата досуди пенал за Ренџерс. Ситуацијата во шеснаесетникот на Шкупи беше повеќе од спорна дали имаше контакт за најстрога казна или не. Сепак, можеби и реномето кое го има Ренџерс во европски рамки, имаше влијание за судијата да покаже на белата точка. Таверниер беше сигурен изведувач на пеналот, за конечни 2:0. 

По еден ваков резултат, Шкупи ќе има тешка задача во обидот да се направи изненадување против фаворизираниот противник. 

Најново во Фудбал