ИАКО СЕ РАБОТИ ЗА КОНТРОЛЕН МЕЧ, ОВА Е НЕДОЗВОЛИВО

СРАМЕН ПОРАЗ: „Селани“ од Малта го растурија Вардар

Тимот кој доаѓа од село со 4.000 жители уште на полувремето имаше водство од 3:0

објавено: 26 јуни 2018 - 19:20

Најтрофејниот македонски клуб Вардар го претрпе можеби еден од најсрамните порази во последниве неколку години. Иако се работи за пријателски меч одигран во Зрече, Вардар недозволиво со 2:4 загуби од тим кој доаѓа од Малта. 

Се работи за екипата на Балзан. Тоа е клуб кој е од истоименото село во Малта, кое има 4.000 жители. Тимот на Балзан игра на локалниот училишен терен. И покрај фактот дека Вардар е најтрофејниот тим во Македонија, има свој тренинг центар, игра на најголемиото стадион во земјава, Балзан му оддржа фудбалска лекција. 

Шоуто на играчите на тимот од селото во Малта започна пред крајот на првото полувреме. Леповиќ погоди во 38 минута за водство од 1:0. До крајот на првото полувреме, Балзан со головите на Гиљо во 40 и на Ефионг во 45 минута стигнаа до убедливи 3:0. 

Вардар намали на 3:1 во 63 минута со голот на Барсегјан, но противникот од Малта само три минути подоцна повторно ја врати позитивата на три гола. Во 73 минута, Максимов кој по неколку дена отсуство, повторно се врати во тренинг кампот, со голо од пенал намали на 2:4, што беше премалку Вардар да се спаси од срамниот пораз на овој контролен меч. 

Фото: Фејсбук/ФК Вардар

 

Најново во Фудбал