„РОМАНТИЧАРИТЕ“ СЕ ЗАСИЛИЈА

Стјепановиќ промовиран во нов играч на Работнички

Искусниот офанзивен играч за врска повторно ќе игра во домашното првенство

објавено: 21 август 2017 - 17:40

Остоја Стјепановиќ и официјално е нов фудбалер на Работнички. Она што беше најавено сега е и официјално. По потпишувањето на договорот, „романтичарите" се пофалија со своето ново засилување.

„Секако дека сме задоволни што успеавме да ангажираме квалитетен фудбалер, репрезентативец. Со Стјепановиќ нашиот тим добива на квалитет" изјави претседателот на клубот од Градски парк Драган Поповски.

Стјепановиќ по пауза од неколку години повторно ќе игра во домашното првенство. 

„Работнички најмногу ме посакуваше и затоа дојдов во Градски парк. Многу бргу се договоривме со претседателот Поповски и затоа сум тука", рече играчот за врска.

Најново во Фудбал