се е исто како лани

Струмица домаќин на финалето на Купот, Пелистер ќе сака реприза, Шкендија одмазда

Како можен датум кога ќе се предаде трофејот во Купот се споменува 23 мај

објавено: 14 април 2018 - 16:58

Без никакви промени од минатата сезона, барем кога се работи за финалето на Купот на Македонија во фудбал. Од пред неколку дена стана јасно дека Пелистер и Шкендија ќе се борат за трофејот. Тоа се клубовите кои и минатата година играат во борба за трофејот. 

Освен што финалистите се исти, сосема ист ќе биде и стадионот на кој ќе се игра. Струмица ќе биде домаќин на мечот по кој ќе се знае новиот освојувач на Куп трофејот. МИнатата година Пелистер се радуваше и тоа благодарение по подобро изведување на пенали. 

Битолчани сигурно ќе сакаат целосна реприза од лани, а тетовчани веруваат дека сега ќе имаат шанса за се реваншираат за тој пораз и на крајот да ја завршат сезонава со двојна круна.

Најново во Фудбал