МАКЕДОНСКИОТ ТРЕНЕР ВТОРОПЛАСИРАН СО ШАН ЈУНАЈТЕД

Судиите во Мјанмар му ја „украдоа“ титулата на Секуловски!?

Заврши фудбалскиот шампионат во Мјанмар каде што на врвот се најде Јангон Јунајтед со само еден бод повеќе од Шан Јунајтед предводен од македонскиот тренер Марјан Секуловски.

објавено: 24 септември 2018 - 13:30

Нашиот стратег спортски му честиташе на Јангон, но од друга страна истакнува дека неговиот клуб реално треба да биде шампион, еве и зошто.

„Јангон имаше голема помош од судиите, нерегуларни голови на два меча на Јангон во самиот финиш против Јаданарбон и Јангон. Ако ги земеме бодовите бодовите само од овие два меча, конечната табела ќе беше: Шан Јунајтед 52 бодови, Јангон Јунајтед (49).

Ако ги земеме бодовите од само еден наш натпревар на пример, конечната табела би била: 1. Шан Јунајтед 52 бодови, Јангон Јунајтед 51. Ова е реалноста и единствената вистина", вели Секуловски.

Најново во Фудбал