СО ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛСКИ ВТОРОЛИГАШ

Татко на светски шампион го посети ФК Гостивар!

Фудбалскиот клуб на Гостивар беше посетен од страна на таткото на славниот германски фудбалер....

објавено: 14 септември 2018 - 20:30

„Денеска ја имавме честа како гостин да го имаме Кујтим Мустафи, менаџер и татко на Шкодран Мустафи, играчот на Арсенал и репрезентативец на Германија. Му се заблагодаруваме за посетата и за поддршката што ја дава неговата менаџерска компанија за ФК Гостивар", пренесуваат од клубот.

Фудбалерот на „топчиите", Шкодран Мустафи кој е со потекло од Македонија, поточно од Гостивар настапува за германската сениорска репрезентација со која успеа да ја освои светската титула во 2014. година. Потсетување, дека Шкодран се ожени токму во Гостивар, за тоа можете повеќе да прочитате ТУКА

Оваа сезона ФК Гостивар настапува во Втората македонска фудбалска лига - Запад, викендов поточно в сабота од 15:30 часот на домашен терен ќе го пречека тимот на Гоблен. После три кола е на третата позиција со шест бодови, а воедно во осминафиналето од Купот на Македонија ќе ги одмери силите против Победа.

Најново во Фудбал