НОВИ ПРОМЕНИ ВО ВТОРОЛИГАШОТ

Тетекс им се заблагодари на Брњарчевски, Најдоски, Реџепи...!

Понекогаш доаѓа време кога треба да се сврти нова страница, доаѓа време на промени, а таков „бран" го зафати и Фудбалскиот клуб Тетекс.

објавено: 12 јули 2018 - 11:14

Дојде времето на некои други да го покажат својот потенцијал и квалитет во ростерот, кои ќе донесат нови ветришта, ќе го поведат „плаво-белиот" клуб кон нови успеси, кон нови победи и успеси...

Затоа, ФК Тетекс им се заблагодари на сите оние кои што беа дел од Тетекс во изминатата сезона, а кои во иднина нема да бидат во клубот.

„Им кажуваме едно големо БЛАГОДАРАМ на Дино Најдоски, Мирослав Јованоски, Тони Брњарчевски, Фатон Реџепи, Енсар Бафтијари, Борјан Панчевски, Хузри Џемаили, Аљбион Ибраими, Ваљмир Јонузи и Брилант Сулај за сето она што го сторија за нашиот тим – клуб и навивачи", пренесува навивачкиот сајт „Напред Тетекс" (napred-teteks.mk)

Најново во Фудбал