ПО 4 ГОДИНИ „ШТОФАРИТЕ" ПАК ДОМАЌИНИ НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН

Тетекс се врати дома

Дуелот од куп финалето на ОФС Тетово помеѓу Тетекс и Љуботен утре ќе се игра на Грдскиот стадион во Тетово

објавено: 30 мај 2018 - 18:52

По цели три години тимот на Тетекс повторно ќе биде домаќин на Градскиот стадион во Тетово. „Штофарите" утре како домаќини од куп финалето на ОФС Тетово, од 16:30 часот го играат мечот против тимот на Љуботен, и со тоа официјално се враќаат на стадионот каде што долги години играа.

Ова секако дека е голем момент за Тетекс кој во моментов е второлигаш но се надева на скора консолидација и враќање на старите патеки.

Последен пат тимот на Тетекс како домаќин играше на Градскиот стадион во Тетово, на 01.03.2015 година во првото пролетно коло од македонскиот фудбалски шампионат и тоа против тимот на Шкендија, поточно го играа градското дерби.

Потоа, „штофарите" едноставно „лутаа" каде ќе стигнат, од Ѓорче Петров, преку Борис Трајковски, па се до игралиштето на АСМ во Тетово.

Најново во Фудбал