НА ДЕНЕШЕН ДЕН ВО 2003 ГОДИНА, ВАРДАР ЈА ШОКИРАШЕ ЦСКА

Точно 14 години од московското чудо на Вардар, сега сакаме чудо и во Данска

Датумот 30 јули 2003 година е еден од најведните во клупската историја на Вардар 

објавено: 30 јули 2017 - 11:27

Датумот 30 јули 2003 година е еден од најведните во клупската историја на Вардар. Тоа е ден кога „црвено-црните“ стигнаа до највредната победа во европските натпреварувања. Вардар на гостински терен, во Москва, го победи рускиот гигант ЦСКА со 2:1. 

Тоа беше резултат кој се слушна во цела Европа. Вардар беше тотален аутсајдер против тимот кој вредеше десетина пати повеќе. Сепак на теренот во Москва, Вардар одигра одлично. Влатко Гроздановски и Вандаир погодија за шокантно водство од 2:1. 

ЦСКА со гол во последната минута намали на 1:2 со надеж дека киксот на свој терен ќе го корегира во Скопје. Сепак не беше така. На реваншот на „Градски стадион“, Вардар ја сочува предноста од Москва. Одигра 1:1 за делириум на преполните трибини. 

Вардар тогаш направи чудо, а „црвено-црните“ сега се на пат за уште едно такво чудо. Македонскиот првак е фокусиран на реванш мечот против Копенхаген во Данска. Вардар има предност од 1:0 и на возвратниот дуел се надева дека ќе ја сочува оваа позитива, што би значело останување во Европа, најмалку до крајот на годината.

Еве како изгледаше чудото во Москва, а се надеваме дека в среда ќе збориме и за уште едно, овојпат данско чудо против Копенхаген.

Најново во Фудбал