ПРОДОЛЖУВА ЕВРОПСКАТА БАЈКА: СВЕТЦИ, ШЕРИФИ, СЕГА БИКОВИ!!

„Тореадорите“ од Шкендија ќе ја започнат битката во Ред Бул Арената!

Македонскиот шампион продолжува ова лето да го збогатува со нови реномирани противници...

објавено: 31 јули 2018 - 21:18

Откако вечерва преживеа во Тираспол и нерешени 0:0, благодарение на победата од 1:0 во Скопје Шкендија го елиминираше Шериф од Молдавија.

Веќе е познато тоа дека австрискиот состав на Салцбург ќе биде домаќин на првиот меч од третото квалификациско коло од ЛШ против Шкендија на 8. август во Ред Бул Арената.

Реваншот е во Скопје на Националната Арена „Филип Втори" на 14. август. Во најмала рака избраниците на тренерот Ќатип Османи при евентуална елиминација имаат обезбеден плеј-оф во Лига Европа.

Најново во Фудбал