СЕ ОСВЕЖУВА РОСТЕРОТ

ТРИ НОВИ ИМИЊА: ФК Кожуф со опрема од италијански бренд!

Како што известија од клубот, подготовките за сезоната 2018/2019 ги започна на 04 јули, а тренинзите се одвиваат на градскиот стадион во Гевгелија, се работи два пати дневно под палката на Беќаров и неговиот стручен штаб.

објавено: 11 јули 2018 - 16:50

Првата контролка е закажана за 19 јули на Градскиот стадион во Гевгелија против екипата на Плачковица.

До денес на ФК Кожуф му пристапија Петров Томица кој се врати во матичниот клуб од соседна Грција, Димитров Живко кој доаѓа од струмичка Беласица, а Скендери Емир од Академија Пандев и ќе ја засили конкуренцијата во нападот.

Со екипата тренираат уште неколку играчи, но поради некомплетна документација не се соопштуваат нивните имиња, а од младинскиот погон во сениорската екипа прекомандувани се Јанев Димитар, Митровски Давид и Јанкулов Љупчо.

Воедно се напоменува дека од оваа сезона ФК Кожуф ќе носи опрема од италијанскиот бренд „Легеа" која веќе е поделена на сениорската екипа, а набавена е опрема и за целокупната пионерско-младинска школа. Извор: http://www.fckozuf.com

Најново во Фудбал