Голема експедиција се

Турска инвазија на Скопје, со Фенербахче доаѓаат илјади навивачи и 60 новинари

Експедицијата на Фенербахче утре ќе пристигне во Скопје, а со неа на пат за нашиот главен град ќе тргнат околу илјада навивачи од Истанбул и 60 турски новинари

објавено: 15 август 2017 - 16:40

Експедицијата на Фенербахче утре ќе пристигне во Скопје, а со неа на пат за нашиот главен град ќе тргнат околу илјада навивачи од Истанбул и 60 турски новинари.

Фенер е гигант на турскиот фудбал, еден од трите заедно со Галатасарај и Бешикташ, па интересот и во Турција е голем. Покрај илјада навивачи од Истанбул, противникот на Вардар ќе има поддршка и од навивачи од Македонија и околните земји, а ќе бидат сместени на Источната и на Јужната трибина.

Медиумските куќи од Турција ќе имаат 60 свои претставници за мечот на „Филип Втори“ арената на 17. август, што е една од најбројните новинарски гостински експедиции во Македонија. Седмата сила ќе ја предводи поранешниот турски фудбалски ас, Тунчај Шанли, кој ќе биде ко-коментатор за „Беин спорт“.

 

Најново во Фудбал