ПРИЈАТЕЛСКА НА ЕДЕН ОД ФФМ ТЕРЕНИТЕ

У19 надежите ремизираа со второлигашот Кит Го

Во пријателски натпревар, У19 селекцијата на Македонија на еден од терените на ФФМ ремизираше со резултат 2:2 против Кит Го.

објавено: 9 август 2018 - 19:37

Стрелци на головите за нашата У19 репрезентација беа Tалески и Ферати. Ова беше втор меч за Горан Станковски на селекторската клупа.

Во ноември годинава У19 надежите имаат квалификации за ЕП, на турнирот во Чешка, во групата 3 освен домаќинот, се наоѓаат уште селекциите на Хрватска и Луксембург.

ФОТО: Петр Стојановски

На спротивната страна за второлигашот од Пехчево кој пак се спрема за второлигашката сезона, во листата на стрелците се запишаа Стојанов и Симевски.

Да потсетиме, Кит Го во првото коло од Втората лига - Исток ќе се сретне против екипата на Плачковица од Радовиш на домашен терен на 18. август, а четири дена подоцна има куп меч со Шкупи во Пехчево.

Најново во Фудбал