Интересна илустрација на клупскиот фотограф на Зенит

Убав е голот на Блажевски - Лодигин си знае дека вреди за два, Шатов вели, се брои како еден (Фото)

Вардар ретко ги тресе мрежите во деби учеството во Европа Лигата, но барем двата гола што досега ги постигна во Л групата беа вистинско ремек-дело. И двата беа постигнати на гости. Фелипе со мајсторски лоб погоди во Трондхајм, а вчера Блажевски со волеј го изненади голманот на Зенит, Лодигин. Реакцијата на „единицата“ на домаќините е како да вреди за два, но капитенот Шатов вели, се брои како еден гол

објавено: 24 ноември 2017 - 08:31

Вардар ретко ги тресе мрежите во дебитантскиот настап во Европа Лигата, но барем двата гола што досега ги постигна во Л групата беа вистинско ремек-дело. И двата се на гостински терен.

Фелипе со мајсторски лоб погоди во Трондхајм, а вчера Блажевски со волеј го изненади голманот на Зенит, Лодигин.

Реакцијата на „единицата" на домаќините е како ремек-делото на напаѓачот на Вардар да вреди за два, но капитенот Шатов вели, се брои како еден гол.

Секако, само како интересна илустрација на клупскиот фотограф на Зенит, Вјачеслав Евдокимов.

На теренот на прекрасниот стадион „Крестовски“ во Санкт Петербург, Зенит победи со 2:1, а навивачите на Вардар се надеваат дека ќе видат барем еден гол и на домашен терен од „црвено-црните“.

На седми декември е последниот воз, против Розенборг, а посакуваат да биде зачинет со прва и историска победа на најтрофејниот македонски клуб во фаза по групи во Европа Лигата.

Најново во Фудбал