СЕ ОСВЕЖУВА НАПАДОТ ПРЕД МЕЧОТ ВО ТИРАСПОЛ

УЕФА го регистрираше Нафиу за реваншот против Шериф

Комитетот за натпревари на УЕФА го регистрираше Валмир Нафиу како нов играч на Шкендија...

објавено: 26 јули 2018 - 14:11

Напаѓачот кој во изминатиот период беше промовиран од страна на Шкендија, веќе има право на настап за реваншот во Тираспол во вторник (19:00 ч.) против Шериф кога ќе се одигра реваншот од 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Да потсетиме, во првиот меч избраниците на тренерот Ќатип Османи после првите 90. скопски минути имаат предност од 1:0.

Како што пренесува клупскиот сајт, Шкендија ќе има дополнителна опција во нападот.

24-годишниот фудбалер е регистриран од европската куќа на фудбалот и стручниот штаб од Тетово може да смета на неговите услуги.

После информацијата дека Марјан Радески го очекува долга пауза поради повреда, доаѓањето на Нафиу е секако позитивна вест за навивачите.

Следните неколку дена, напаѓачот ќе има можност подобро да се запознае со тимските колеги, додека стручниот штаб ќе одлучи дали Нафиу ќе се најде во конкуренција за возвратната пресметка во Молдавија.

Најново во Фудбал