ПОСЛЕДНА КОНТРОЛКА ЗА ШАМПИОНОТ

Успешна генералка пред ЛШ: Шкендија го „положи“ украинскиот тест!

Во последниот контролен дуел пред настапот во квалификациите од Лигата на шампионите, избраниците на тренерот Ќатип Османи остварија нова победа.

објавено: 1 јули 2018 - 19:48

Тетовските „црвено-црните" од првата минута настапија со следните играчи: Захов, Бејтулаи, Муслиу, Адили, Мурати, Алими, Таипи, Емини, Радески, Жуниор, Шефити.

На Тренинг кампот во Рогатец после првото полувреме водеше македонскиот шампион минимално со 1:0 со погодокот на Емини.

Израмни Хабелок на спротивната страна во 57-та мин., а за славје се погрижија Мурати и Зејнулаи за период од четири минути. На крајот триумфираше тетовскиот клуб со 3:1 против украинската екипа на Ворскла Полтава.

Претходно нашиот тим ремизираше на подготовките во Словенија против Домжале (1:1), а славеше и против хрватскиот Осиек со резултат 3:1.

В понеделник составот на Шкендија се враќа во Тетово каде што ќе ги одработи последните тренинзи пред првиот меч од 1. квалификациско коло за ЛШ против велшката екипа на Њу Сејнтс кој што ќе се игра на 10. јули во Скопје.

Најново во Фудбал