„ВЕРИФИКАЦИСКА“ ПОБАРАЛА ДОПОЛНИТЕЛНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Утре е денот „Д“ за кандидатите за претседател на ФФМ

На денешната седница на Комисијата за верификација и избори, разгледувани се доставените кандидатури на Костов, Тасев, Хаџи-Ристески и Станојковиќ. Побарано е да се прибави дополнителна документација по која утре ќе се решава која од нив е валидна

објавено: 15 август 2018 - 18:12

Се чини дека утре ќе знае и дефинитивно кој ќе биде официјален кандидат за претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Имено на денешната седница на Комисијата за верификација и избори, разгледувани биле сите доставени кандидатури од страна на предлагачите, односно ОФС, кои како што е познато стојат зад кандидатурите на Влатко Костов, Сашко Тасев, Харалампие Хаџи-Ристески и Вујадин Станојковиќ.

Беше разгледана целата документација и беше побарано да се прибави дополнителна документација од страна на службите на ФФМ на увид, како и целокупна коресподенција на членките со ФФМ, а која сметаат дека би била потребна за донесување одлуки.

Комисијата најавува дека ќе постапува во согласност со роковите, притоа строго почитувајќи ги правилата и прописите на ФФМ, УЕФА и ФИФА.

Како што дознаваме за утре е закажана нова седница на која Комисијата ќе се изјасни која од кандидатурите е валидна со која ќе се оди на Вонредното Изборно Генерално Собрание на ФФМ за избор на Претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Најново во Фудбал