АКТУЕЛНИОТ ПРВАК АКТИВЕН ЗА ВРЕМЕ НА ЗИМСКАТА ПАУЗА

Вардар ангажираше тројца нови фудбалери - сите од Пелистер

„Црвено-црниот“ дрес го облекоа Кристијан Тошевски, Јован Попзлатанов и Матеј Цветаноски, кои досега беа членови на битолскиот тим

објавено: 9 јануари 2018 - 08:25

Актуелниот македонски фудбалски првак, Вардар, денеска ги започнува зимските подготовки. Пред стартот на подготовките, раководството на тимот претстави тројца нови фудбалери кои во иднина ќе го носат дресот на најтрофејниот наш клуб.

Се работи за тројца играчи кои досега беа дел од тимот на Пелистер. Кристијан Тошевски, Јован Попзлатанов и Матеј Цветаноски се играчи кои потпишаа договори, кои ги обврзува да останат во Вардар, во следните три години. 

Тошевски е најискусен од сите тројца и има 23 години. Редениот тетовчанец во досегашниот тек на кариерата настапуваше во Тетекс и во Пелистер. Тој има и четири настапи за македонската репрезентација, а игра на позицијата десен бек.

Попзлатанов има 21 година, а во во сениорска конкуренција играше за Тетекс и Пелистер. Настапува на позицијата десно крило, но може да игра и како десен бек. Тој е актуелен младински репрезентативец на Македонија, член на селекцијата до 21 година.

Најмлад од сите тројца е Цветаноски. Офанзивниот играч кој настапува и на левата и на десната страна има само 20 години. Кариерата ја почна во Македонија ЃП, а на почетокот на оваа сезона се пресели во таборот на Пелистер. 

Најново во Фудбал