Ако сакате пластична картичка за спомен, замена до вторник

Вардар дозволи влез и со ваучери за дуелите со Реал Сосиедад и со Розенборг

удбалскиот клуб Вардар одлучи да го пролонгира рокот за замена на ваучерите со електронски картички за натпреварите од Лигата на Европа. Замената не е обврзувачка и на двата следни натпревари, со Реал Сосиедад и со Розенборг на домашен терен ќе може да се влегува и со ваучери

објавено: 12 октомври 2017 - 16:31

Фудбалскиот клуб Вардар одлучи да го пролонгира рокот за замена на ваучерите со електронски картички за натпреварите од Лигата на Европа. Замената не е обврзувачка и на двата следни натпревари, со Реал Сосиедад и со Розенборг на домашен терен ќе може да се влегува и со ваучери.

Најдоцна на два дена до почетокот на дуелот со Реал Сосиедад, закажан за идниот четврток од 19 часот ќе можат да се менуваат ваучерите.

Ова е на барање на навивачите кои замената ќе можат да ја сторат во понеделник и вторник (16-17.10) од 10 до 18 часот на билетарницата на Арената „Филип Втори", спроти влезот на Фудбалската Академија на ФК Вардар.

 

Најново во Фудбал