Само два клуба се во сите 12 групи

Вардар е најлош, но не е сам, двоцифрена е и Австрија Виена

Македонскиот првак Вардар страда во првото учество во Европа Лигата и по три кола е составот со најмногу примени голови од сите 48 екипи

 

објавено: 20 октомври 2017 - 08:25

Македонскиот првак Вардар страда во првото учество во Европа Лигата и по три кола е составот со најмногу примени голови од сите 48 екипи.

„Црвено-црните“ на половина пат од натпреварите во фазата по групи примија дури 14 голови, или 4,7 по меч што е премногу и за дебитант.

Голот на Хуан Фелипе против Розенборг засега е единствен за нашиот претставник во Л групата, а особено болат двата порази на домашен терен. Зенит лесно го освои Скопје со победа од 5:0 во првото коло, а уште полошо со пораз од 0:6 минаа вардарци вчера против Реал Сосиедад.

И сепак не се единствената екипа со двоцифрен број на голови, бидејќи по три кола и Австрија Виена е со 10 погодоци во својата мрежа.

Интересно е што најмногу благодарение на голеадите против Вардар, Зенит и Реал Сосиедад се двете најефикасни екипи во сите 12 групи со по 11 постигнати голови.

За Вардар останува вториот круг од уште три натпревари да го поправи впечатокот и да постигне уште некој гол и секако да ја „закрпи“ одбраната да не прима толку голови.

Најново во Фудбал