„ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ ЌЕ БИДАТ ВО УЛОГА НА ФАВОРИТИ

Вардар ги доби петте можни противници за ЛЕ

Прашање е дали Вардар ќе може да го повтори ланскиот успех кога тимот се пласираше во групната фаза од Лигата на Европа

објавено: 18 јуни 2018 - 20:15

Вардар ќе ја има улогата на фаворити на ждрепката која задутре ќе биде извлечена, за првото коло од квалификациите за Лигата на Европа. „Црвено-црните“ се во улога на фаворити, па без разлика кој од петте можни противници да се падне, најтрофејниот македонски клуб треба да помине во следната фаза. 

Против Вардар може да играат: Пјуник од Ерменија, Зарија од Молдавија, Колорин од Северна Ирска, Дери Сити од Република Ирска, или пак подобриот од двомечот Б63 Торшавн (Фарски Острови) и Сент Џозеф (Гибралтар).

Мечевите од првото квалификациско коло во Лигата на Европа се играат на 12 јуни и 19 истиот месец. 

Најново во Фудбал