ЗАПОЧНА ПРОДАЖБАТА

ВАРДАР СО ОГРОМНА ПОДДРШКА: Голем интерес за блок билетите

Од денеска започна продажбата на билети за натпреварите од Лигата на Европа. Најпрво ќе се продаваат само блок билети за трите домашни натпревари на ФК Вардар. Интересот за билети е голем уште од првиот ден од продажбата.

објавено: 1 септември 2017 - 18:05

Од денеска започна продажбата на билети за натпреварите од Лигата на Европа. Најпрво ќе се продаваат само блок билети за трите домашни натпревари на ФК Вардар. Интересот за билети е голем уште од првиот ден од продажбата.

Датумите за продажба на билети се следни:

01.09 - 10.09 - Продажба на блок билети за натпреварите во Лига Европа

11.09 - 14.09 - Продажба на поединечни билети за натпреварот со Зенит Санкт Петербург

„После рокот, нема да можат да се купуваат блок билети за натпреварите во Лигата на Европа. Прво ќе се продаваат електронски ваучери, кои подоцна ќе треба да се заменат со пластифицирани сезонски картички. За начинот на замената на ваучерите со картички, ќе бидете дополнително информирани.Исто така би сакале да ги информираме сите медиуми дека започна и акредитирањето на натпреварот помеѓу Вардар и Зенит Санкт Петербург“, се вели во соопштението на ФК Вардар.

ЦЕНИ НА БИЛЕТИ:

За блокови 1, 6, 7, 8, 9, 10, 19, 25, 26, 27, 28, 29 и 30, блок билет за сите три натпревари ќе изнесува 1.400 МКД, додека цената на единечен билет ќе биде 600 МКД.

За блокови 2, 5, 14, 18, 20 и 24, цената за билетите за сите три натпревари ќе изнесува 2.200 МКД, додека единечен билет ќе се продава по цена од 900 МКД.

За блоковите 3, 4 и 15, 16, 17, 21, 22 и 23, блок билет за трите мечеви ќе изнесува 3.000 МКД, додека цената на единечен билет ќе биде 1.200 МКД.

Најново во Фудбал