СКОПСКИТЕ РИВАЛИ ЌЕ ГИ ОДМЕРАТ СИЛИТЕ

Вардар и Работнички со меѓусебна генералка

Ова ќе биде нивни последен тест пред настапите во квалификациите за Лига Европа.

објавено: 5 јули 2018 - 11:11

Овој пријателски натпревар на барање на Вардар ќе се игра в петок од 17:30 часот на теренот на АМС во населбата Аеродром до хотел „Русија" и СЦ „Јане Сандански“.

Работнички својот прв меч од 1. квалификациско коло на ЛЕ против унгарскиот клуб Хонвед ќе го игра в среда (11. јули) на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ -Скопје.

Еден ден подоцна во истото натпреварување Вардарци ќе гостуваат во Ерменија кај екипата на Пјуник.

Најново во Фудбал