Се пофалија дека добро им оди

Вардар им е атрактивен на Норвежаните - Розенборг продаде 4 илјади блок билети повеќе од 2015 година

Розенборг денеска го игра 240. меч во европските купови, а од раководството на норвешкиот првак се пофалија дека одлично им оди продажбата на билети за трите домашни дуели, со Вардар, Зенит и Реал Сосиедад

објавено: 28 септември 2017 - 08:06

Розенборг денеска го игра 240. меч во европските купови, а од раководството на норвешкиот првак се пофалија дека одлично им оди продажбата на билети за трите домашни дуели, со Вардар, Зенит и Реал Сосиедад.

Вчера заврши продажбата на блок билетите, а веднаш почна и продажбата на единечните влезници.

„Продажбата оди одлично. За мечот со Вардар досега имаме продадено над 4 илјади билети повеќе во однос на првиот меч во 2015 година со Днипро на домашен терен. И сега за овој циклус продадовме околу 4 илјади блок билети повеќе од тогаш“, велат од раководството на Розенборг.

Стадионот „Леркендал“ има капацитет од 21.405 места, а тука се играше Суперкупот на Европа во 2016 година, пред да пристигне во Скопје 12 месеци подоцна.

Поединечните влезници за мечот меѓу Розенборг и Вардар се продаваат по цена од 20 до 60 евра. Натпреварот почнува во 19 часот.

Најново во Фудбал