иако билетот беше само 100 денари а имаше и постојани апели

Вардар ќе го бодрат едвај 4.000 гледачи (Фото)

Најпопуларниот македонски клуб јавно побара навивачите да дојдат во што е можно поголем број за да помогнат да се анулира негативата од првиот меч на дуелот против Пјуник

објавено: 19 јули 2018 - 19:07

Едвај 4.000 гледачи има на „Филип Втори Арената" кои во живо ќе го роследат дуелот меѓу Вардар и Пјуник во реваншот од првото коло во Лигата на Европа. Раководството на Вардар реши билетот за овој меч да чини само 100 денари, за да има повеќе публика.

Дури и на официјалната прес конференција беше побарано навивачите да дадат поддршка во обидот да се анулира негативата од еден гол, по првиот меч.

Најново во Фудбал