Зенит 2070, Трондхајм 1529 и Сан Себастијан 1509

Вардар ќе набие километража, најдалеку е Санкт Петербург, блиску не се ниту Трондхајм и Сан Себастијан

Вардар ќе има долги патувања во деби учеството во Европа Лигата, а патешествието до Санкт Петербург и дуелот со Зенит е најдалечно и има точно 2070 километри од Скопје

објавено: 25 август 2017 - 14:45

Вардар ќе има долги патувања во деби учеството во Европа Лигата, а патешествието до Санкт Петербург и дуелот со Зенит е најдалечно и има точно 2070 километри од Скопје. Подалеку и не можеше, а Вардар ќе оди на најдалечниот пат во петтата рунда кога ќе му биде гостин на Зенит. 

Со Русите на 14. септември, но во Скопје, Вардар ќе ја почне европската одисеја, а потоа следува гостување во Трондхајм, кај Розенборг и пат од 1529 километри до норвешкиот град. Тој меч ќе се игра на 28. септември.

На 19. октомври Вардар ќе игра на „Аноета“ во Сан Себастијан со Реал Сосиедад, а дотаму од Скопје има 1509 километри. Или се на се над 5 илјади километри пат во еден правец.

1. КОЛО – ВАРДАР – Зенит (14.09.2017)

2. КОЛО – Розенборг – ВАРДАР (28.09.2017)

3. КОЛО – Реал Сосиедад – ВАРДАР (19.10.2017)

4. КОЛО – ВАРДАР – Реал Сосиедад (02.11.2017)

5. КОЛО – Зенит – ВАРДАР (23.11.2017)

6. КОЛО - ВАРДАР – Розенборг (07.12.2017)

Најново во Фудбал