Сефте за македонскиот првак со втората тура идниот четврток

Вардар ќе пишува историја во термин со необичен почеток

Македонскиот првак Вардар ќе направи европско сефте во фазата по групи против Зенит во втората тура натпревари во невообичаен термин од 21,05 часот идниот четврток

објавено: 7 септември 2017 - 10:00

Македонскиот првак Вардар ќе направи европско сефте во фазата по групи против Зенит, во втората тура натпревари со невообичаен термин од 21,05 часот, идниот четврток. 
На „Филип Втори" арената рускиот клуб од Санкт Петербург ќе биде првиот гостин на вардарци во натпреварите во Л групата во Европа Лигата. И почетокот за Вардар ќе биде со уште 11 натпревари што ќе се играат во истиот термин на 14. септември.


Премиерниот ден во фазата по групи во Европа Лигата ќе го означат точно 12 натпревари со почеток од 19 часот, а потоа ќе следат уште толку со старт од 21,05 часот. Меѓу нив е и дуелот Вардар – Зенит во Скопје. Со нив во Л групата се уште и Реал Сосиедад и Розенборг.

Овие два термини се стандардни во Европа Лигата, но кај нас речиси никогаш не се играат натпревари со почеток по 20 часот.

Најново во Фудбал