МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК БАРА НОВ НАПАЃАЧ

Вардар пикираше голгетер што бил дел од Удинезе и Фиорентина

Се работи за Стив Лео Белек А'Бека, камерунски интернационалец, кој има 24 години

објавено: 11 август 2017 - 09:30

Македонскиот фудбалски првак, екипата на Вардар е во потрага на нов напаѓач. По заминувањето на Балотели во катарскиот ал гарафа, „црвено-црните“ останаа без класичен голгетер. На радарот на Вардар е камерунскиот интернационалец Стив Лео Белек А'Бека, пренесува „Македонски спорт“. 

Се работи за 24-годишен напаѓач, кој во својата биографија ги има запишано и екипите на Удинезе и Фиорентина во Серија А, но сепак нема ниту еден настап во најсилната италијанска лига.

Белек е играч кој досега има променето многу клубови и тоа низ Грција, Италија, Турција, Белгија, Романија и Англија. Останува во следнито период да се види дали сезонава ќе го облече дресот на македонскиот првак Вардар. 

Најново во Фудбал