Интересна ситуација за нашиот тим пред стартот во Л групата

Вардар на лидерска средба во Европа Лигата

Во интересна и мошне тешка група е македонскиот првак Вардар во првото свое учество во фаза по групи во Европа Лигата. Сите три екипи кои му се ривали во Л групата пред официјалниот старт на европската авантура се на првото место во своите домашни лиги, или се ко-лидери

објавено: 11 септември 2017 - 09:30

Во интересна и мошне тешка група е македонскиот првак Вардар во првото свое учество во фаза по групи во Европа Лигата, а сите три екипи кои му се ривали во Л групата пред официјалниот старт на европската авантура се на првото место во своите домашни лиги, или се ко-лидери. Сите освен Вардар кој моментно е на четвртото место во нашата Прва Лига, но со еден меч помалку и четири бодови минус зад водечката Шкендија.

Сите останати екипи од Л групата се на врвот, сметајќи го и Реал Сосиедад, кој има максимален учинок од три победи и 9 бода и го дели првото место во Шпанија со непоразената Барселона.Тоа се единствените две екипи во Шпанија со максимален учинок по трите рунди во Примера Дивизија.

Зенит преживеа вчера иако ремизираше без голови со Динамо Москва и како првопласирана екипа во Русија доаѓа во Скопје на мечот против Вардар во четврток. Клубот од Санкт Петербург со 21 бод е прв во руското првенство и нема пораз, односно е со биланс од 6 победи и треи нерешени натпревари, два од нив едноподруго без примен и постигнат гол.

Вториот ривал на скопјани, Розенборг е неприкосновен во норвешкото првенство и по 21 коло има 44 бода на врвот, 6 повеќе од Спарта Сарпсборг.

 

Најново во Меѓународен Фудбал