ТЕШКО ДЕКА ВО ЦЕЛ СВЕТ ИМА ГРАДСКО ДЕРБИ СО ПОМАЛКУ ПУБЛИКА

Вардар - Работнички: „Живо пиле“ нема на стадион (ФОТО)

Жална е сликата на најголемиот стадион кај нас

објавено: 25 април 2018 - 15:24

Вардар и Работнички во овие моменти го играат градското дерби на Арената „Филип Втори“. покрај стандардниот квалитет кој може да се види на теренот, запрепастувачки делува фактот дека стадионот кој собира 33.000 гледачи е речиси празен. 

Вардар е домаќин на дербито. Тимот не казнет, не треба да одработи некој меч без присуство на публика, но и без тоа трибините се празни. Едвај стотина гледачи решија дека вреди да се биде дел од ова дерби и во живо да го следат дербито. 

Најново во Фудбал