НАЈТРОФЕНИОТ КЛУБ ВО МАКЕДОНИЈА СО ЈУБИЛЕЈ

Вардар слави 70. роденден

На 22 јули 1947 година се формираше тимот кој стана најпопуларен и со најмногу навивачи во државата

објавено: 22 јули 2017 - 11:48

Во далечната 1947 година, клубовите на Македонија и Победа, решија да се фузираат и да доздадат Вардар. Тоа е клубот кој веќе 70 години расте, создава успеси и носи радости на своите навивачи. Низ годините, Вардар стана најтрофеен и најпопуларен клуб во Македонија.

Првиот голем успех на Вардар е во сезоната 1960/61 кога во финалето на Купот на тогашна Југославија, во Белград, го победија Вартекс и го доведоа трофејот во Скопје. Следниот голем успех во поранешна Југославија се случи на 40 години од постоење на клубот. 

Во 1987 година, Вардар имаше „златна генерација“, која блескаше каде и да игра. Како круна на тие игри беше освојување на шампионската титула во првенството. Благодарение на тој успех, Вардар играше и во Лигата на шампионите и тоа против португалскиот гигант Порто. 

Со таа 1987 година е поврзано и формирањето на навивачката група „Комити“. Тоа се најверните вардарови навивачи кои секогаш даваат поддршка на својот омилен клуб. 

По осамостојувањето на Македонија, следуваа три доминантни титули на Вардар во домашното првенство. Шампионски беа и сезоните 2001/02 и 2002/03. Вардар доминира и во последните години од мак фудбалот. Освои пет шампионски пехари во последните шест сезони.

Вардар во своите витрини има вкупно 11 шампионски трофеи од првенствата, пет трофеи во Купот на Македонија, еден во Купот на Југославија, како и два Суперкупа на Македонија. 

Вардар денеска слави 70 години, а секако дека сите искрени љубители на фудбалот имаат една искрена желба. најтрофејниот македонски клуб да има успешен настап и да го елиминира данскиот првак Копенхаген, во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. 

Првиот меч против Копенхаген се игра на 25 јули во Скопје, а реваншот е на 2 август во Данска. 

Вардар ги дувна 70 свеќички, а во наредните неколку дена е ред да продолжи славјето на фудбалскиот терен, во Лигата на шампионите.

Најново во Фудбал