ДИСЦИПЛИНСКАТА КОМИСИЈА НА ФФМ РЕШИ:

Вардар со најголема казна, санкции и за Победа, Шкендија и Пелистер

Фудбалската федерација на Македонија ги објави паричните казни на дел од клубовите против кои во изминатите два месеци беа покренати дисциплински постапки

објавено: 26 април 2018 - 11:57

Дисциплинската комисија на ФФМ изрече две казни од по 750 евра за Вардар, што значи дека скопските „црвено-црни“ ќе треба да платат вкупно 1.500 евра. Првата казна е поради националистички скандирања на вардаровите навивачи на дуелот против Ренова. поради тие извици, мечот неколку минути беше во прекин. Втората казна за Вардар е поради  националистички извици на средбата против Победа. 

Поради националистички изливи на своите фанови на мечот со Шкупи, глоба од 1.200 евра доби прилепска Победа. Пелистер ќе плати 750 евра поради пиротехника, национализам на своите навивачи, влегување на неслужбени лица на терен на мечот со Вардар одигран во Битола.

Новиот првак Шкендија ќе треба да одвои 750 евра поради пиротехниката на реванш мечот од 1/4 финалето во Купот против Вардар.

Најново во Фудбал