Големо искушение ги чека во дебитантскиот настап

Вардар тргна лошо - Македонскиот првак е без бодови и со најлоша гол-разлика од 48 екипи во Европа Лигата

Македонскиот првак Вардар е пред големо искушение во дебитантскиот настап во Европа Лигата, а по две кола скопјани немаат ниту еден бод и се со најлоша гол-разлика во конкуренција на 48 екипи

објавено: 29 септември 2017 - 09:32

Македонскиот првак Вардар е пред големо искушение во дебитантскиот настап во Европа Лигата, а по две кола скопјани немаат ниту еден бод и се со најлоша гол-разлика во конкуренција на 48 екипи.

Поразот од Зенит со 0:5 на стартот ги покажа сите недостатоци на Вардар за тешките европски натпревари, а данокот од повредите и засилениот ритам на натпревари цело лето македонскиот првак го плати и во Трондхајм со пораз од Розенборг со 1:3. До крајот на натпреварите во првата фаза по групи во Европа Лигата има уште четири натпревари, има доста простор за да се поправи впечатокот и да се избегне фенерот, што засега за жал е кај нашиот првак. Блиску до Вардар со гол-разлика 1:7 и без бодови е и Зулте Варегем во К групата.

Како мала утеха за Вардар е што по две кола и двете германски екипи Хофенхајм и Келн немаат ниту еден бод, како и Риека, Лугано, Витезе и Зулте Варегем. Вкупно се 7, а се надеваме дека Вардар веќе на 19. октомври против Реал Сосиедад ќе го напушти клубот на екипи без бодови.

 

Најново во Фудбал