УЕФА БРЦНА ВО КАСАТА НА ЦРВЕНО ЦРНИТЕ

Вардар за навивањето против Пјуник ќе плати 25.000 евра

Тоа е сумата која ја одредија дисциплинците во Нион, а по пријавата од делегатот за употребата на пиротехника и националистички испади од трибините на домашните навивачи.

објавено: 14 септември 2018 - 10:55

Оваа сума треба да се плати во рок од три месеци, а со оглед дека македонскиот најтрофен клуб ги нема тие пари, истите ќе му бидат одбиени од 260.000 евра кои треба до крајот на годинава да ги добие за учеството во квалификациите од Лига Европа

На вардаровите маки им нема крај. За време на фиансиската криза која го тресе последниве месеци најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар и Европската асоцијација (УЕФА) им брцна во празната каса. Дисциплинците од Нион им одмерија казна во висина од 25.000 евра поради недолично однесување на нивните навивачи за време на реванш натпреварот од првото квалификациско коло во Лига Европа, со ерменскиот Пјуник.

АКО НЕ ПЛАТАТ ЗА ТРИ МЕСЕЦИ, ЌЕ ИМ ОДБИЈАТ ОД ПРЕМИЈАТА

Вардар го загуби двомечот со аутсајдерот Пјуник со 0-3. Во Скопје беше 0-2, а по пријава од делегатот на скопскиот натпревар Серги Лисник од Молдавија, за однесувањето на домашните навивачи на трибините македонскиот клуб заработи парична казна од 25.000 евра. Навивачите се пријавени дека употребувале пиротехника со пукање на петарди и палење на факели, како и извикувале националистички слогани.
Оваа казна, Вардар е должен да ја плати во рок од три месеци. 

Најново во Фудбал