УШТЕ МАЛКУ ВРЕМЕ ДА СЕ ПРАВАТ ТРАНСФЕРИ ВО ПМФЛ

Вечерва завршува преодниот рок

Уште денеска до полноќ нашите прволигашки клубови ќе можат да прават трансфери. Имено на полноќ завршува летниот преоден рок кој започна на 15 јуни.

објавено: 31 август 2018 - 13:00

Интересно е што во последните два - три дена, иако првенството започна и се одиграа три кола, нашите прволигаши правеа трансфери и тоа големи.

Како оној на Ванче Шиков во Академија Пандев или оној на Владимир Димитровски во Работнички. Секако дека не се исклучува можноста во последниот ден да има уште некој трансфер, последниот е оној на Стефан Вујчиќ од Шкупи во редовите на Беласица.

Инаку генерално летниот преоден рок не беше на она ниво од порано, од минатите. Имено Шкендија како да се определи за млади сили, како позвучно име го донесе само Гледи Мици од Албанија. Вардар купуваше на големо, но дел од тие играчи веќе си заминаа. Работнички се определи за искуство, додека Силекс беше најангажиран. Македонија ЃП купуваше „кариоки", а Шкупи исто така правеше доста трансфери.

Најново во Фудбал